Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Заев се среќаваат – ама на суд

Груевски и Заев се среќаваат  – ама на суд
Судскиот процес во кој премиерот Никола Груевски бара отштета од лидерот на опозицијата Зоран Заев за изречена клевета започнува денеска. Груевски од Заев бара половина милион евра заради обвинувањата дека лидерот на владејачката партија земал 1,5 милиони евра кеш при продажбата на „Македонска банка“. Адвокатот на Заев тврди дека одбраната ги има сите докази за да се потврди вистинитоста на овие тврдења. На пресконференциите, заедно со обвинувањата, Заев презентираше и аудио снимки од наводни телефонски разговори во кои Груевски и контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ - Нини преку посредник ја договарале продажбата на банката. Неизвесно е дали на судењето ќе присуствува Груевски, со оглед на тоа што почетокот на судскиот процес се совпаѓа со стартот на седницата на која ќе се избира новата македонската влада. АЛИБИ ДИЈАЛОГ или ГНИЛ КОМПРОМИС: Што ќе донесат преговорите Груевски - Заев?
Слично

Поврзани вести