Груевски и Заев решение на кризата ќе бараат во Стразбур
Лидерите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ , Никола Груевски и Зоран Заев, ќе разговараат денес во Стразбур со претставниците на ЕУ за можностите за решение на политичката криза во Македонија.
Вчера во клубот на пратеници беше одржана втората средба на четирите најголеми партии , на која покрај Груевски и Заев, присуствуваа лидерите на ДУИ Али Ахмети и ДПА Мендух Тачи, која повторно е завршена без договор.
Заев после состанокот за новинарите изјави дека очекува денес во Стразбур да слушне конкретни предлози кои потоа ќе бидат разгледани на наредниот состанок на „четворката“ кој е закажан за 26 мај.
Состанокот во Стразбур ќе се одржи во присуство на комесарот за соседство и проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит.
Политичката криза во Македонија трае од минатите избори, а се интензивираше со „аферата прислушување“ , која во половината на февруари оваа година ја покрена Заев .
