Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Заев оствариле тајна средба денес?

Груевски и Заев оствариле тајна средба денес?

Премиерот Никола Груевски и опозицискиот лидер Зоран Заев денес оствариле тајна средба, далеку од  очите на јавноста, пишува Фокус, повикувајќи се на Телевизијата Алсат М.

 Оваа средба, според Алсат М, била под покровителство на американскиот амбасадор Џес Бејли, а се разговарало за содржината и времетраењето на привремената влада и за реорганизирање на сите институции кои се во надлежност на извршната власт.

Според телевизијата, барањето на СДСМ било преземање на Министерството за внатрешни работи, а во пакетот на преговори, меѓу другото биле и УЈП и МРТВ. Неофицијално, преодната влада треба да почне да функционира во ноември, а мандатот на премиерот Никола Груевски да престане во јануари 2016 година.

Слично

Поврзани вести