Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Заев одат на средба со дијаметрално спротивни ставови

Груевски и Заев одат на средба со дијаметрално спротивни ставови
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, утре треба да ја одржат лидерската средба на која ќе бараат решение за излез од политичката криза во земјата, настаната откако опозицијата донесе одлука да не ги признава изборните резултати. Но, на клучната средба двајцата лидери влегуваат со толку различни ставови, што ги прави речиси безизгледни сите надежи за компромис. Додека Заев кон крајот на минатата недела изјави дека техничка Влада која ќе организира нови избори е условот од кој опозицијата нема намера да отстапи, Груевски смета дека техничка влада не е решение за излез од оваа ситуација. „Очекувам да почнат разговори со коишто СДСМ кога ќе завршат разговорите ќе престане да и прави штета на Република Македонија и на сите граѓани во не“, рече Груевски денеска, одговарајќи на новинарско прашање. Минатата недела Заев најави дека на средба со Груевски ќе испорача пет услови, од кои најважно е барањето за техничка влада и нови избори. Сите барања на опозицијата, прочитајте ги на следниот линк: Заев спреми пет барања за Груевски
Слично

Поврзани вести