Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ: од помирување до ароганција!

ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ: од помирување до ароганција!
Политичките аналитичари имаат различни погледи кон одржаниот дијалог власт-опозиција. “Груевски да не седи на маса со Заев” – Боцевски“ Нема политички ќорсокак, институциите функционираат “ – Илиќ. Наместо техничка, потребна е концентрациона, Влада на голема коалиција, сугерира Малеска. “Политичка ароганција од двете страни ќе не внесе во нова и голема политичка нестабилност “, ни одговори академик  Беџети. “Ни ќар-ниту зијан”. Оваа стара реакција на маџирмаалците во Скопје, по одиграниот круг фанта, веројатно е најблиску до описот на епилогот од првата средба Груевски-Заев. Ни најголемите оптимисти не очекуваа резултати од новиот обид за вонинституционален дијалог на власта и опозицијата.  Колку и да не продуцира конкретни и видливи ефекти, политичката комуникација претставува инвестиција во демократизацијата на партискиот, а со тоа и на политичкиот систем во Р. Македонија, оценува за Фактор професор Горан Илиќ.
 „Не би се согласил дека станува збор за политички ќорсокак, сепак политичката партија што освоила најголем број на гласови на последните парламентарни избори веќе ја формираше Владата на Р. Македонија, без разлика дали тоа му се допаѓа некому или не. Но во секој случај, политичката комуникација на релација позиција - опозиција, или како што тоа е популарно наречено "политички дијалог", мора силно да се ефектуира и да се интензивира во иднина.. Пораките до меѓународниот фактор, мора да содржат волја и напори за перманентна политичка комуникација и толеранција меѓу политичките и партиските субјекти внатре во државата. Секогаш и во секоја ситуација, најдоброто решение се наоѓа во помирувањето.”
УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Зошто Груевски и Заев седнаа на иста маса? (1) УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали барањата на Заев до Груевски се издржани? (2) Наспроти овој став на професорот од Правниот  на Битолскиот Универзитет, Ивица Боцевски му сугерира на Премиерот да ги прекине разговорите со лидерот на опозицијата.
“Заев продолжува со неразумна политика.  СДСМ мора да разбере дека  ги изгуби изборите дека пропаѓа бојкотот. Токму затоа треба да се врати час поскоро во Собранието и да подготви некоја нова стратегија наместо да си поигрува со институциите и со иднината на државата. Парламентот може соврешено да фунцинира и без опозицијата, инстиутуциите си работат така што не гледам никаков проблем. Нема ни „П“ од политичка криза”. Боцевски проценува дека не е остварлива идејата за техничка Влада.
Но за разлика од него Мирјана Малеска предлага широка владина колаиција.
“Тоа би подразбирало во извршната власт да влезат  речиси сите парламентарни партии. И тоа би можело да биде некаков компромис. Доколку опозицијата го прифати овој модел за решавање на кризата, значи СДСМ  ги признава изборните резултати. Ако Груевски се согласи на оваа идеја би признал дека предизвикал криза и дека треба да бара решение. Знам дека оваа идеја на ДУИ и Ахмети не им одговара бидејки секој треба да отстапи од интересите и функциите што сега ги имаат во Владата, Тоа е едно од решенија. Во моментов  не гледам друга опција. Мислам дека и притисокот од ЕУ е голем. Како може една земја која претендира  да биде членка да спроведе избори  чии епилог е бојкот на опозицијата од Парламентот”, вели универзитетскиот професор Малеска.
УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали странци пак треба да помагаат за излез од политичката криза? (3) УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали преговорите на Груевски-Заев се политичко дежа-ву? (4) Препораката за преговори не е во прашање?! „Земајќи ги во предвид стратешките проекции и институционалната поставеност на ЕУ во однос на регионот, убеден сум дека препораката за започнување на преговори за членство на Р. Македонија во ЕУ во никој случај нема (и не смее) да биде одземена. Одземањето на препораката би значело пораз на политиката на ЕУ во однос на регионот и Македонија,“ оценува Илиќ за Фактор. Внатрешните меѓупартиските  препукувања не може значително да придонесе кон нарушување на меѓународниот имиџ на државата, бидејќи сепак тоа е само дел од политичкиот фолклор, вели професорот од Битолскиот Универзитет. Медиумските реакции се сведуваат на прашањто – кога ќе биде следната рунда од разговори Груевски-Заев.
„Ако од самиот почеток се бетонираат ставовите тогаш не може да се очекува некакво потенцијално консензуално решение.  Во политиката никогаш немало „црно-бело“ солуција.  Ниту опозицијата може туку-така лесно да ги оствари ултимативните барања, уште помалку власта може да биде толку тврдоглава. Било каква политичка ароганција од двете страни Македонија ќе ја чини нова и голема политичка нестабилност“, оценува академик Беџети.
Овој став на академик Абдулменаф Беџети, изнесен во интервју за Фактор, кое во целост ќе го објавиме деновиве  можеби е најдобар сублимат за предизвиците со кои се соочени лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во меѓумакедонскиот дијалог. Тоа не е прв од ваков тип и со зацементирани стартни позиции. И нивните предходници Георгиевски и Црвенковски преговараа за концентрациона Влада, како модел за амортизирање на постконфликтните  сосотојби во Македонија. И покрај  првиот не успешен дијалог меѓу Груевски и Заев,  според неофицијални информации не  се исклучува двајцата лидери повторно  да се сретнат. Но евентуалната нова средба  ќе се реализира со помош  меѓународно посредништво. Горазд Чомовски 
Слично

Поврзани вести