Груевски и Заев ќе го кандисуваат советот да ги избере сите обвинители на Јанева!
Како што јавува 24 вести паднал договор во работната група за преостанатите обвинители на специајлната обвинителка Катица Јанева.
Партиите потписнички на договорот од Пржино, наводно ќе испратат писмо до Советот за јавни обвинители кое ќе биде потпишано од претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА и ќе побарат Советот в понеделник да ги избере останатите седум обвинители од предлогот на Јанева, а уште истиот ден сите избрани обвинители од тимот на специјалната обвинителка да дадат заклетва.
Според истите извори – писмо, со четири потписи ќе биде испратено и до Уставниот суд, со барање што побрзо да се закаже седница и уставните судии да се изјаснат за уставноста на законот за специјалното обвинителство.
На овој начин ќе се деблокираат преговорите, иако е веќе јасно дека сите рокови се пробиени, односно многу тешко до вторник да има нови министри од СДСМ како што беше договорено.
Слично
