Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Заев, битка за Македонија!

Груевски и Заев, битка за Македонија!

Тешки обвинувања на опозицијата на сметка на владата на премиерот, вклучувајќи и поттикнување на меѓунационални тензии. Голем притисок на албанските партии да изберат страна во политичкиот суди, чие решение би можело да почне за викендов, со најавување на големи протести во Скопје.

Приврзаниците и противниците на владата на Груевски веќе со денови се подготвуваат за најавените големи судири во центарот на Скопје, после кое ќе биде извесно која сила ќе надминува во веќе со месеци долгата борба за примат на политичката сцена.

Еднакво силни тензии владеат и на албанската политичка сцена , каде и двете влијателни партии, ДУИ на Али Ахмети и ДПА на Тачи, се обидуваат да се извлечат од сенка која над нв ја фрлија неодамнешните судири во Куманово и недоволно јасните улоги на лидерите во тие настани.

Да биде работата по нив уште покомплицирана, лидерот на опозицијата Заев денес објави серија прислушувани разговори во текот на кои, сега веќе поранешната министерка на МВР Гордана Јанкулоска , со ито така поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, Албанците ги нарекува „Шиптари“, тврдејќи дека Македонците би ги „сределе за час време“.

Зборовите на високите претставници на владечаката партија, веднаш , во прилично лоша ситуација го „исфрлија“ коалициониот партнер, Ахмети, кој со вешти маневри успеал да избегне дирекно мешање во кумановската криза, иако меѓу припадниците на вооружената група биле најмалку двајца негови поранешни соработници.

На рака, во извесна мера, одеше и тактиката на меѓународната заедница, која во четвртокот на средбата на лидерите на четирите највлијателни партии одлучила најтешките точки на политичкиот договр да го остави на Груевски и Заев, додека Тачи и Ахмети , како што изгледа, се држеа на страна.

Сериозни обвиненија доаѓаат и од таборат на Груевски, некои медиуми објавија теорија за „соработка на Заев со странски служби поради создавање на безбедносна криза и насилно рушење на власта“.

Меѓународните посредници, амбасадорите на САД и ЕУ , Џес Бејли и Аиво Орав, не успеаа да постогна напредок во текот на средбата на лидерите, па работите, според добрата балканска традиција, ќе бидат наверојатно решени на улица.

На опозицијата во меѓувреме и се придружија и бројни мали партии, невладини здруженија и организации на студенти, на протестите против Груевски кои почнуваат во неделата, кога во Скопје, барем според најавите, ќе дојде „пола Македонија“.

Демонстрантите, барем 4500 од нив, се најавија дека ќе останат на улиците се додека Груевски не си оди од власт.

Еднакво масовен собир најавува и ВМРО-ДПМНЕ, на кој контрамитинг во понеделник се очекуваат 100 000 луѓе, што суштински претставува показател дека премиерот нема лесно да се откаже од власта.

Ако е за утеха, и двете партии ветија мирни собири, разменувајќи меѓутоа обвиненија дека ривалите подготвуваат инциденти.

Во минатото, протестите минуваа без насилство и во многу „експлозивни“ ситуации отколку што е промена на власта, па ден пред почетокот на војната во 2001 година, десетици илјади Албанци без проблеми извикуваа „УЧК, УЧК“ во центарот на Скопје.

Во текот на минатонеделните антивладини протести, меѓутоа, повредени се триесетина лица, а приведени неколкумина демонстранти кои уште се во притвор, после инцидентите за кои не е сосема јасно како почнаа.

 

Слично

Поврзани вести