Груевски и Заев без решение по 10-часовни преговори во Стразбур
Македонскиот премиер Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев не успеаја да ги надминат разликите за време на преговорите во Стразбур кои траеа 10 часа, со посредство на европратениците и на комесарот за проширување на Јоханес Хан.
Тројцата пратеници во ЕП - Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, соопштија дека Груевски и Заев имале искрени разговори и дошле до заклучок дека интересите на Македонија треба да биде приоритет.
"Се анализираат сите предлози и идеи. Отворено се погледнува кон сè. Создавањето на преодна влада не се исклучува. Искрено се радувам што успеваме да го икористиме плодно нашето влијание во преговорите", изјави европратеникот Ховит пред македонските медиуми.
Тој одби да даде повеќе детали. Се очекуваше Груевски и Заев да дадат официјални изјави, но тоа не се случи до доцните попладневни часови вчера. Следниот состанок меѓу двајцата ќе е во Скопје на 26 мај.
Слично
