Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Милановиќ – Задоволни од политичката соработка, сакаат повеќе во економијата

Груевски и Милановиќ – Задоволни од политичката соработка, сакаат повеќе во економијата
Билатералните односи меѓу Македонија и Хрватска се одлични, а исклучителната политика соработка треба да се преточи и во плодна економска соработка, се согласија премиерите на двете земји Никола Груевски и Зоран Милановиќ, кои се сретнаа во Скопје. „Постои дополнителен потенцијал за продлабочуање на економската соработка и за продлабочување на трговската размена, со што би дошло до реализација на заедничката цел, а тоа е Хрватска да стане уште поголем партнер на Македонија во однос на трговската размена и обратно“, изјави Груевски. Со неговиот хрватски колега разговарале и за процесот кон пристапување кон НАТО и ЕУ, како и за начините на кои Македонија може да го искористи хрватското искуство во евроинтеграциите. „Со Македонија можеме да споделиме искуство кое што го нема ниедна друга земја членка на ЕУ, ние сме последните кои влеговме во ЕУ, но и првите кои влегоа под такви услови, преговори, бројни поглавја, бенчмаркови и разни услови кои требаше да ги исполниме. Ова се работи низ кои и Македонија мора да пројде а ние можеме да и помогнеме низ нив да помине полесно“, вели Милановиќ. Тој нагласува дека Хрватска не може многу да помогне во однос на политиките кои не и дозволуваат на Македонија да стане членка на НАТО, не може да ја натера Грција да ги промени своите ставови, но може да разговара околу тоа и да и биде пријател на Македонија. „Оваа состојба треба да престане, ги разбираме стравовите и проблемите кај некои држави, историјата е нешто што не може да се промени, таа има големо значење но ние живееме во сегашноста. Македонија е една мала држава и не е закана за никого, која развива доста поволна бизнис клима. Македонија воведе законодавни и даночни реформи, а тоа е резултат на осмислена и јасна политика“, вели Милановиќ. Груевски порача дека хрватските компании се добредојдени во Македонија, а голем дел од македонските граѓани ги сметаат овие компании и нивните производи за блиски, со што земјава е секогаш подготвена да соработува со тамошните компании.
Слично

Поврзани вести