Груевски и Иванов: Победата е најава и за исходот на парламентарните избори
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов им се заблагодари на гласачите за поддршката во првиот круг од претседателските избори во Македонија.
„Денес имавме мирни, фер и демократски избори, какви што и доликуваат на Република Македонија. Граѓаните донесоа одлука да продолжи нашиот концепт на цврсто даден збор, тимска работа, чесност... Во текот на кампањата слушавне навреди и омаловажувања од противкандидатите. Одлучивме да не им одговориме и да оставиме народот да им одговори на изборите. Денес народот им одговори, а на 27-ми ќе им одговори со уште посилна поддршка. Со овие резултатите граѓаните најавија што ќе се случи на 27 април - двојна победа и на претседателските и на парламентарните избори“, рече Иванов.
Тој побара поддршка од гласачите и во вториот круг и вети дека ќе продолжи биде претседател на сите граѓани, да не прави разлики и да го поттикнува единството. „Македонија е најголемиот победник денес“, рече Иванов.
Лидерот на партијата Никола Груевски објави победа на Иванов во првиот круг од изборите со 436.000 гласа и разлика со противкандидатот од 118.000 гласа.
„Денеска Македонија покажа дека има разлика и дека нашиот нјарод точно ја препознава таа разлика. Ова е недвосмилено изразена волја на граѓаните, доказ дека поддржуваат труд, посветеност Ние сме благодарни за оваа поддршка, која ни дава ветер во грб за 27 април за уште една победа, како во изборот за претседател за Ѓорге Иванов, така и на парламентарните избори за ВМРО ДПМНЕ и за коалицијата „За подобра Македонија“, рече Груевски.
Слично
