Груевски и Дачиќ се сретнаа, нема изјави по средбата
Во обновениот објект на Македонскиот народен театар почна свечената академија по повод Свети Сава, кој во Македонија се одбележува како празник на српската заедница во земјава.
На неа се обраќа и српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој престојува во посета на Македонија. Дачиќ претходно оствари и тет-а-тет средба со македонскиот премиер Никола Груевски, кој е негов домаќин во Скопје.
Двајцата премиери по средбата не дадоа изјави за што разговарале. Веднаш продолжија кон новата зграда на Македонскиот народен театар, каде што се одржува свечената академија по повод Св. Сава.
Фото: Курир.мк
Слично
