Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Ахмети на средба – договориле да почнат преговорите за новата Влада

Груевски и Ахмети на средба – договориле да почнат преговорите за новата Влада
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, се сретнале денеска и се договориле да формираат работни групи за преговорите за формирање на новиот владин состав, објавија двете партии преку идентично соопштение. „Двајцата соговорници дадоа позитивна оценка за изборите и за демократската и слободна атмосфера во која се одвиваа“, се наведува во краткото соопштение. Роковите за формирање на новата Влада ќе бидат забрзани со оглед на тоа што Собранието ќе се конституира порано за да се овозможи инаугурацијата на Ѓорге Иванов на претседателската функција. Претседателот потоа треба да му го довери мандатот за состав на Владата на Груевски, а тој да го состави новиот Кабинет.  
Слично

Поврзани вести