Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Ахмети му честитаа на Заев, во четврток средба во Влада

Груевски и Ахмети му честитаа на Заев, во четврток средба во Влада
Новиот лидер на СДСМи официјално ја презема функцијата од Бранко Црвенковски. На средбата на Бихаќа се разговарало за предизвиците кои стојат пред најголемата опозициска партија. Со еден ден задоцнување, денеска и премиерот Никола Груевски телефонски му ја честиташе победата на Заев, му посакал добро здравје и мудрост во работата. Заев пак ја прифатил неговата покана за средба во четврток двајцата во владата, како вообичаена практика за средба на премиер и нов лидер на опозиција. И претседателот на ДУИ, Али Ахмети му честиташе на Заев и изрази уверување дека овој избор ќе придонесе во зајакнувањето на демократијата во Македонија. „Увверен сум дека ќе помогнете за постигнување консензус и конструктивност на сите политички партии во Македонија и за конечно отстранување на пречката која стои меѓу нас и Брисел“, се вели во честитката на Ахмети до Заев. Пред Заев сега стои напорна работа. Прво треба да го формира својот тим во кој сеуште неофицијално прва рака ќе му биде Радмила Шеќеринска, а се споменуваат имињата и на Дамјан Манчевски и Јован Деспотовски. Заев најави дека од СДСМ ќе направи победничка партија.
Слично

Поврзани вести