Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски-Хајндл:За ВМРО-ДПМНЕ избори се прифатливи во секој термин

Груевски-Хајндл:За ВМРО-ДПМНЕ избори се прифатливи во секој термин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл со кого разговараа за повеќе актуелни теми поврзани со политичката состојба, европските интеграции и активностите кои се превземаат за исполнување на високите критериуми.

Груевски посочил дека партијата е посветена и работи на надминување на политичките предизвици, како и фактот дека деструктивното однесување на опозицијата нанесува штета на државата и никако не оди во прилог на надминување на актуелната состојба. Објаснил дека за ВМРО-ДПМНЕ избори се прифатливи во секој термин, но притоа нема да се дозволи државата и граѓаните повторно да бидат заложници на ново лицитирање со термини, како што тоа беше во изминатиот период.

„Во таа насока и со цел неоправдано да не се истакнуваат изговори за неодржување на избори, СДСМ ќе мора да даде потврда и да се обрзе дека избирачкиот список е прочистен, а во периодот кој следи посветено ќе работат на подигање на довербата во Избирачкиот список, иако тој за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил спорен сегмент“- изјави на средбата Груевски.

Тој нагласил дека е потребна конструктивност базирана на разумно однесување од кое полза ќе имаат граѓаните на Република Македонија кои посакуваат стабилизација и враќање на просперитетот и продолжување на економскиот развој.

Слично

Поврзани вести