Груевски го пречекаа во Ќустендил со транспаренти и со песна – „И претходно и сега, Македонија е бугарска”.
Во општинската зграда во Ќустендил, предмалку започнала заедичката неформална седница на македонската и на буграската Влада, на чиј дневен ред ќе се најдат прашања за подобрување на политичката билатерала, но и на економските односи, информира „Капитал“.
Премиерот Никола Груевски бил пречекан од неговиот бугарски колега Пламен Орешарски, но и од припадници на бугарската ВМРО на Красимир Каракачанов, кои со транспаренти во рацете пееле „И претходно и сега, Македонија е бугарска".
Заедно со премеирот Груевски, во Ќустендил се и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, за земјоделство Љупчо Димовски и за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Покрај заедничкиот состанок, планирана е и тет-а тет средба на двајцата премиери, но и на министрите со своите ресорски колеги.
Овој неформален состанок е само најава за официјалната седница која треба да се одржи до крајот на годинава.
Слично
