Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски го обвинува Заев за продлабочување на кризата!

Груевски го обвинува Заев за продлабочување на кризата!

Новиот обид на комесарот за проширување Јоханес Хан да ја расплетка политичката криза уште толку се заплетка.

Партиите не постигнаа договор за изборите кои треба да се одржат на 24 април, а Пржино е замрзнат!

Прстот на вина Груевски повторно го насочи кон опозицискиот лидер со образложение дека само Заев не сака избори и сака да ја одржи политичката криза бидејќи така ќе добиел политички поени.

„Само еден човек се обидува да ја продолжи кризата во Република Македонија и да ја продлабочи затоа што со неговото однесување не само што не може да се реши, туку може да се продлабочи кризата“, изјави Груевски.

Груевски посочува дека владеачката партија чиј лидер е самиот тој, и двете партии од албанскиот блок ДУИ и ДПА биле спремни сите детали да ги договорат, а партијата на Заев инсистирала да се одложат изборите.

Од опозицијата бараат прво прочистен Избирачки список и договор за сите точки од Пржино па тогаш избори.

Слично

Поврзани вести