Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски го намали барањето за отштета од Заев – 50.000 наместо 500.000

Груевски го намали барањето за отштета од Заев – 50.000 наместо 500.000
Адвокатот на премиерот Никола Груевски на денешното рочиште во судскиот процес за клевета против лидерот на СДСМ зоран Заев го намали барањето за отштета за десет пати. Наместо првично побараните половина милион евра, Груевски од Заев сега бара само 50.000 евра за нанесена душевна болка и повреда на угледот и честа со аферата „Македонска банка“. Според застапникот на Груевски, целта не е да се постигне висока штета, туку да се докаже чесноста на премиерот. Одбраната на Заев, пак, уште еднаш побара како сведок во судскиот процес да биде повикан Ден Дончев, но ова барање судот го одби. Груевски и Заев денеска во судница ги соочија своите аргументи во врска со случајот со продажбата на „Македонска банка“ и обвинувањата за корупција. Груевски пред суд: Имам тешка душевна болка од клеветите на Заев! Заев: Снимката за Македонска банка ми ја даде Ден Дончев! Во изјава по својот исказ пред судот Груевски нагласи дека на судењето Заев практично ги демантирал сите тврдења изнесени на пресконференциите посветени на аферата „Македонска банка“. „Зоран Заев во судница негираше дека сум земал 1,5 милиони евра во кеш како провизија за продажбата на Македонска Банка и објаснуваше  дека во јавноста изнел само основано сомнение. Напротив тој секогаш категорично твредеше дека сум земал 1,5 милиони евра во кеш или 2,4 милиони во некои наврати дека сум татко на криминалот. Верувам дека судот ќе донесе правилна одлука“, рече Груевски. Вчера пред судот исказ даде и српскиот бизнисмен Газда Нини кој негираше дека го познава Груевски и дека со него ја договарал продажбата на банката. Газда Нини сведочеше на суд во корист на Груевски        
Слично

Поврзани вести