Груевски го доби мандатот да составува нова Влада
Актуелниот премиер Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска доби нов мандат да ја составува следната Влада на Република Македонија. Мандатот му го довери шефот на државата Ѓорге Иванов, откако партијата на Груевски победи на последните предвремени парламентарни избори во земјата.
Груевски го доби мандатот на претпоследниот ден до истекот на рокот за оваа обврска. Сега тој треба за 20 дена да ја подготви програмата за работа и да ја состави новата Влада, а потоа за неа да побара одобрување и од Парламентот.
Веќе е извесно дека и следната владина коалиција ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но работните групи од двете партии и натаму преговараат за поделба на министерските ресори во идниот кабинет.
Слично
