Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ги повика германските инвеститори

Груевски ги повика германските инвеститори
Германија е најголем трговски партнер и трет инвеститор во Македонија, а премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Минхен синоќа понуди поддршка за нивото на германски инвестиции во Македонија уште повеќе да се зголеми. Тој ги покани германските бизнисмени да дојдат во Македонија и да се уверат во можностите за инвестирање што им ги нуди, ветувајќи дека Владата ќе направи се за да им помогне да ги реализираат своите бизнис планови. На бизнис форумот организиран во соработка со „Фајненшел тајмс“, Груевски го наведе искуството на странските инвеститори гои веќе работат во Македонија.
„Има и други германски компании кои се веќе присутни во Македонија, но и многу познати светски компании кои дојдоа во изминатиов период, како што се британската  Џонсон Мети која веќе изгради две фабрики, а ја разгледува можноста и за трета, американската Џонсон Контролс, коja исто така изградија една фабрика, а по три години и друга, руската Протек груп, која веќе најавува изградба и на втора фабрика, италијанската Технохозе, која по првата веќе гради и втора фабрика со четири пати поголем капацитет. Тука се и Гришко од Русија, Сосиете женерал од Франција, Шпаркасе и Мобиком од Австрија, Ван Хол од Белгија, Кемет електроникс од САД и многу други кои се задоволни и увидоа дека Македонија е добра дестинација за правење бизнис“, рече Груевски.
Како предности на земјава, Груевски наведе дека Македонија е стабилна и на политички и на економски план, со стабилна валута и четврт најнизок долг во Европа, ја спомена отвореноста на пазарот и потпишаните договори за слободна трговија, ниските трошоци за водење бизнис и можностите на технолошко-индустриските развојни зони.  
Слично

Поврзани вести