Груевски ги покани професорите на дебата во Собрание
Дебатата што беше закажана за денес во 13 и 30 часот во хотелот „Александар Палас“, на која требаше да се сретнат претставниците од Министерството за образование и наука, Интеруниверзитетската конференција и професорите кои се поддржувачи и кои имаат контрааргументи за реформите во високото образование ќе се пресели во Собранието на Република Македонија откако премиерот Никола Груевски лично упати покана до сите учесниците да дојдат на дебата во Собранието на РМ.
Пред почетокот на дебатата додека професорите даваа изјави за медиумите пристигна премиерот Никола Груевски кој ги поздрави и ги повика да присуствуваат на расправата на што професорите одговорија дека не сакаат „туристичко водење на дебата во хотели“ и дека бараат квалитетна расправа на која местото и е во универзитетите, по што премиерот ги повика заедно да појдат на дебата во Собранието на Република Македонија.
Покрај членови на Интеруниверзитетската конференција, МОН на денешната дебата покани и по пет професори кои во јавноста изразиле забелешки и несогласување со реформите и по петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование кои ги иницираше Владата.
Слично
