ГРУЕВСКИ: Фрапиран сум од скандалот со фалсификуваните лични карти
Откако вчера во стан во Скопје беше пронајдена работилница за фалсификување лични документи, премиерот Никола Груевски денеска изјави дека за него оваа информација била фрапантна и најави повеќе информации за аферата во наредните денови.
„Она што го слушнав е навистина фрапантно. Во наредните час два ќе имам повеќе информации. Би им честитал на професионалците во ЈО и МВР за тоа, и апелирам до Меѓународната заедница одблизу да го следи случајот.” – рече Груевски.
Од опозициската СДСМ исто побараа целосно расветлување на скандалот и негово обелоденување во јавноста.
Инаку, и Специјалното јавно обвинителство не соопшти повеќе детали околу вчерашното откривање на тајната работилница за фалсификување лични документи.
До сега се знае дека три лица се приведени за печатење на 105 лични карти, бугарски пасоши и тајни швајцарски сметки.
