Груевски: Евтиниот кредит за компаниите ќе донесе 480 нови вработувања
Од утре македонските компании ќе може да користат 22 милиони евра од кредитната линија од вкупно 100 милиони евра, што Владата ја обезбеди преку Европската инвестициска банка. Како што најави премиерот, Никола Груевски , средствата би требало да овозможат нови 480 вработувања.
„Ние со Европската инвестициска банка договоривме кредитна линија од 100 милиони евра. Од нив 22 милиони треба да пристигнат веќе утре и треба да бидат пуштени за вкупно 101 компанија во Македонија“, изјави Премиерот. Според пресметките на Министерството за финансии, додаде премиерот Груевски, тие би требало да овозможат отворање на околу 480 нови работни места.
Груевски соопшти дека, ако е потребно, Владата е подготвена да обезбеди и нов евтин кредит, со субвенционирана камата од 5,5 проценти за да им помогне на македонските компании во време на криза.
Слично
