Груевски: Економијата – предизвик за Македонците денес!
Партизаните одговорија кога беше потребно и со име и со жртва и со траен белег во историјата. Како ќе се покажеме ние зависи од нас, вели премиерот Никола Груевски во честитката до граѓаните по повод 11-ти Октомври, Денот на народното востание.
„Поуките извлечени од вековните борби и тежината низ која минувале нашите предци се одличен пример дека ништо во животот не се добива на лесен начин и дека за остварување на целите е потребна постојана работа и многу труд. Најдобар начин за почит кон ваквите празници и големи дела на нашата историја, е да се вложиме искрено и максимално за денешните потреби и предизвици на Македонија“, истакнува Груевски.
Тој нагласува дека денес нашата цел е да ја подобриме економијата, да обезбедиме работа и сигурна иднина за граѓаните, добро образование за младите, можности за оние кои сакаат да напредуваат, да изградиме систем кој е базиран на принципи и вредности.
„Тоа е нашата заедничка цел и ние работиме на тоа“, нагласува Груевски.
Слично
