Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Економијата е во пораст и економските резултати се над очекувањата

Груевски: Економијата е во пораст и економските резултати се над очекувањата

Економијата е во пораст и економските резултати ги надминаат нашите очекувања, што е резултат на многу мерки кои Владата ги презеде во изминатиот период, е одговорот на премиерот Никола Груевски на поставено новинарско прашање при посетата на ПЕТ Центарот во Скопје кој е во изградба.

Според премиерот, растот на БДП од 3,9 проценти во првиот квартал, растот на извозот од 15 проценти и растот на прометот во индустријата од околу 6 проценти се податоци кои укажуваат на позитивните економски трендови во земјата кои дури се нешто подобри од проекциите на Владата и на Централната банка и на ММФ.

- Тоа е одлично и укажува на сигурноста дека нашите проценки за целата година сигурно би требало да се остварат, освен не дај Боже ако дојде некоја надворешна криза, европска или светска. Но, да се надеваме дека тоа нема да се повтори и во една ситуација на нормални услови во опкружувањето очекуваме нашите проекции да се остварат, а можеби и да се надминат на годишно ниво, бидејќи во првиот квартал се надминати, изјави премиерот.

Според премиерот ова е резултат на многу мерки што Владата во изминатиот период ги презема. Исто така премиерот посочи дека Македонија за времен на светската криза поминала подобро од многу други земји и дека опоравувањето од истата се движи прилично брзо споредено со другите држави во Европа.

Премиерот најавува огромен сет мерки кои ќе се спроведуваат и кои дополнително ќе помагаат на економијата и компаниите да се движат напред.

Слично

Поврзани вести