Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски е уверен – „Херитиџ“ ќе ни донесе инвестиции

Груевски е уверен – „Херитиџ“ ќе ни донесе инвестиции
Извештајот на „Херитиџ“ и „Вол Стрит Журнал“ е одлична вест која на Македонија ќе и овозможи уште повеќе нови странски инвестиции, смета премиерот Никола Груевски. „Веста е одлична и зашто многу инвеститори го следат овој индекс што ќе придонесе покомотно да се чувствуваат кога размислуваат да инвестираат кај нас“, нагласи Груевски одговарајќи на новинарско прашање. На 43-то место од 184 земји – вака е рангирана Македонија според индексот на економски слободи за 2014 година, што заеднички го објавуваат Фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит Журнал“.

Рејтингот на земјава годинава се подобрил за 0,4 индексни поени во однос на лани. Ова е најдобар скор за Македонија откако таа е вклучена во рангирањето во 2002 година. Од тогаш па до денес, земјава направила напредок за 11 поени во индексот на економски слободи.

Македонија на 43-то место по економски слободи Холмс: Македонија - пример за економски слободи, но не и за владеење на правото Инаку Груевски денеска посети еден од странските инвеститори во земјава. Турската компанија „Суташ“, која ја купи млекарницата Сведмилк досега инвестирала 13 милиони евра и вработила околу 80 луѓе, а во иднина се очекува бројот на вработувања да достигне до 150. „Оваа компанија планира наскоро да отвори фарма на површина од 400 хектари и во моментот е во потрага по земјиште. На истата фарма ќе отворат и тренинг за фармери за производство на јунци кои ќе им ги даваат на индивидуалните фармери да произведуваат млеко“, изјави премиерот Груевски. Тој додаде дека оваа Влада е насочена кон нови инвестиции и дека во иднина ќе стои на располагање да им помогне на сите инвеститори на кои тоа им е потребно.   Фото: Курир.мк
Слично

Поврзани вести