Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски е спремен за сите сценарија во наредниот период, па и за излегување на ДУИ од Владата!

Груевски е спремен за сите сценарија во наредниот период, па и за излегување на ДУИ од Владата!
Премиерот Груевски не е оптимист во решавање на спорот за името во наредниот период, сметајќи дека вистинската причина за тоа е во Грција. „Сега притисокот врз нас во спорот со Грција е во друга форма и се манифестира преку различни негативни извештаи за Македонија, што истовремено е и обид за изнаоѓање алиби зошто Македонија не влегува во ЕУ и во НАТО. Поточно, тоа е алиби за нивната немоќ и за немањето волја и интерес на големите сили да ја разрешат оваа неправда што ни ја прави Грција. Треба да најдат виновник за тоа“, вака ја објаснува премиерот зачестеноста на разните извештаи од надвор во кои Република Македонија е претставена во црно светло. Според Груевски проблем е и во неединството во Македонија. „Знам дека новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев, има поинаков став за ова прашање, знам дека уште пред неколку години тој јавно се произнесе со изјавата дека треба да го свиткаме грбот и немам против кој како сака да размислува, но таа негова изјава воопшто не ни помага во борбата да се дојде до решение, кое, освен за Грција, би било прифатливо и за мнозинството Македонци и граѓани на Република Македонија. Понекогаш се ставам во кожата на нашиот јужен сосед и помислувам што им останува да прават во ваков случај кога имаат лидер на опозиција од другата страна, кој јавно кажува дека тој кога би станал премиер, би го свиткал грбот. Тоа сигурно ги одвраќа од брзо решение и ги наведува да чекаат на некои наредни избори да победи тој и да го свитка грбот. Зошто би брзале? И да ви кажам, од она што го гледам и слушам, многу не им се брза“, вели Груевски. Ни праќаат абери дека ДУИ може во секој момент да ја извадат од Владата ако така решат и со тоа Владата да падне, вели премиерот Никола Груевски во интервју за “Дневник“ одговарајќи на прашањето дали се користи албанскиот фактор како дел од притисокот што поскоро Македонија да се согласи на промена на името. Немам одговор. Штом така велат, веројатно и можат. Подготвен сум на се’.“ одговара Груевски. Во интервјуто премиерот Груевски зборува и затоа дека посредникот во спорот за името Метју Нимиц во Македонија секогаш е добредојден, но тоа не е случај и од другата страна, па можеби поради тоа нема нови рунди преговори. Груевски истакнува дека е неопходно и големите сили да застанат зад Нимиц. „Прашајте го него за тоа. Од нас има отворени врати, дури и повик да се продолжи дијалогот по неговите последни идеи. Не сум сигурен дека е така и од другата страна. Човекот се труди многу, но честопати од едната страна има проблем да обезбеди прием, термин за средба. Таа страна не сме ние. Ние сме му кажале дека секогаш сме отворени за дијалог со цел да се најде решение. Кај нас секогаш го пречекува целиот државен врв со целата почит, со внимание и со посветеност. Кај другата страна тоа е по исклучок, а правило е овластениот преговарач да се сретне со него, во поретки случаи министерот за надворешни работи, а уште поретко премиер или претседател. И тоа нешто говори. Но, тој не може многу да придвижи ако зад него не застанат големите сили што имаат влијание во овој регион. Можеби и тоа е причината за несвикувањето нови рунди разговори“, вели премиерот одговарајќи зошто Нимиц не доаѓа во Македонија и Грција.
Слично

Поврзани вести