Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски договори соработка со онколошкиот центар во Манчестер

Груевски договори соработка со онколошкиот центар во Манчестер
Премиерот Никола Груевски во Манчестер, го посети медицинскиот центар Кристи кој претставува најголем онколошки центар во Европа и една од најнапредните болници за третирање и рано откривање на канцер. При посетата беше постигната согласност од страна на медицинскиот центар за обука на наши лекари во оваа болница. Медицинскиот центар Кристи е државна болница која е позната по рано откривање и третман на канцер, има 40 илјади пациенти годишно и важи за еден од најнапредните медицински центри во Англија за третман на канцер во која се лекуваат пациенти од цела држава, но и од странство. Премиерот Груевски истакна дека менаџментот на болницата изразил согласност во иднина лекари и медицински персонал од Македонија да престојуваат и работат во оваа болница онолку време колку што е потребно за да ги изучат современите методи, како за откривање, така и за третман на пациенти заболени од канцер. Директорот на медицинскиот центар Кристи од Манчестер,  Роџер Спенсер, истакна дека болницата има долга историја на грижа за пациенти заболени од рак и на тоа поле ги има едни од најдобрите резултати. Болницата освен со лекување се занимава и со научно истражување на нови методи во борбата против канцерот, користејќи ја најновата технологија. Тој посочи дека медицинскиот центар е подготвен да понуди пренесување на знаењата во онкологијата, како и да се стават на располагање образовните можности користејќи ги најновите медицински методи.
Слично

Поврзани вести