ГРУЕВСКИ: Добро е што СДСМ стави партиски кадри, да се види кој како работи!
Според премиерот Никола Груевски добро е тоа што СДСМ поставил истакнати партиски кадри на новите министерски позиции. Вака народот ќе може да види што е тоа политичка одговорност, како работат кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, а како тие на СДСМ.
„Нема да се затскрива зад божемни експерти, а повторно анонимни членови на СДСМ“, вели Груевски.
Оливер Спасовски е нов министер за полиција иако до последно во игра било и името на Наташа Пеливанова од факулетет за безбедност. Фросина Ременски ќе биде министер за труд и социјална политика.
Инаку Спасовски во МВР ќе може да постравува свои луѓе и кадри, а вето заменикот ќе има само на прашања поврзани со изборите.
Груевски вели дека никој нема да може да биде исфрлен или сменет од Министерството за внатрешни работи ако тоа не е по закон.
Заев пак вели дека интенција на СДСМ е да останат професионалци, не да се менува се во министерството.
Слично
