(ВИДЕО) Груевски до Вилијам и Кејт: Одбележување на 100 години од Првата светска војна во Лиеж
Шефови на држави и влади од цела Европа денеска во белгискиот град Лиеж присуствуваат на одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.
Меѓу присутните е и премиерот Никола Груевски. Централни гости на манифестацијата се Војводата и Војвотката од Кембриџ - Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот претседател Јоаким Гаук.
Главната церемонија се одржа кај Меморијалниот споменик посветен на војната, која започна со германската инвазија на земјата на 4 август 1914 година.
Според белгискиот премиер Елио Ди Рупо, одбележувањето е со цел да им се одаде чест на жртвите во војната, а и да се потсетат на значењето на меѓународната соработка. Говорниците им оддадоа почит на над 8 милиони војници и цивили кои загинаа во Првата светска војна.
Еве дел од атмосферата во Лиеж:
http://www.youtube.com/watch?v=eY2tQxfic4Q
Слично
