Груевски: До крајот на февруари ќе се платат обврските кон стопанството
„Неплатените обврски кон стопанството по рокот на доспевање имаат драстично намалување откако ги преземавме мерките. Од 16 септември кога имав јавно обраќање пред стопанствениците досега има намалување на обврските за 68 проценти“, истакна премиерот Никола Груевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
Груевски информираше дека на 16 септември неплатените обврски изнесувале 5 милијарди 560 милиони денари или околу 92 милиони евра, а во моментот изнесуваат 1 милијарди 815 милиони денари или околу 29,5 милиони евра.
Тој најави остануваат на ветеното и до крајот на февруари ќе се исплатат обврските кон стопанството.
Слично
