Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски до дијаспората: Чувајте ги врските со Македонија и пренесувајте им ги обичаите на младите

Груевски до дијаспората: Чувајте ги врските со Македонија и пренесувајте им ги обичаите на младите
Бидете сплотени и чувајте ја традицијата, македонските песни и фолклор и пренесувајте им ги македонските обичаи на помладите. Продолжете да работите на она што е најважно, а тоа е зачувувањето на врските со Македонија, зачувувањето и промовирањето на македонскиот национален и културен идентититет, им порача синоќа премиерот Никола Груевски на македонските иселеници, на затворањето на Четвртата Годишна конференција на Обединетата македонска дијаспора, пренесува МИА. На гала вечерта на која му беше доделена награда, Груевски истакна дека македонските иселеници имаат право да знаат, но и обврска да бидат вклучени во процесите што се случуваат внатре во Македонија. - Република Македонија денеска е самостојна и демократска држава и таа не е само држава на граѓаните кои живеат во неа, туку матична држава и на Македонците од целиот свет. Сите заедно мораме да работиме за да успееме. Затоа како премиер и Влада сме силно фокусирани и воведуваме активности кои и овозможуваат на дијаспората повеќе работи - рече Груевски. Одлуката да и се даде право на глас на дијапората, Груевски ја оцени како придобивка во подигнувањето на правата на иселениците. Потсети дека сегашната влада е првата која ангажирала над 30 луѓе од дијаспората на значајни функции како во редовите на Владата, така и како амбасадори и економски промотори. - Со тоа не само што покажуваме дека како Влада се трудиме да ги ангажираме врвните кадри на најважни позиции, туку и јасно укажуваме дека независно кој каде живее, сите сме исто, сите сме Македонци каде и да сме. Овие луѓе не се ангажирани само затоа што се од дијаспората. Поголем дел од нив немаат никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ и со партискиот живот во Македонија. Тие беа ангажирани пред се заради нивната способност, капацитет, знаење, искуство, амбиција и желба да и помогнат на Македонија што во минатото не се ценеше и не се користеше. Ова е вистинското поврзување на матицата со дијаспората. Заедно сплотени со иста цел за подобра и поуспешна Македонија - потенцираше Груевски.
Слично

Поврзани вести