Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Дијаспората да има најмалку три пратеници

Груевски: Дијаспората да има најмалку три пратеници

Околу прашањето за гласањето на дијаспората, премиерот Никола Груевски рече дека е клучно иселениците да имаат најмалку по еден пратеник од трите изборни единици.

,, Не е поентата само тие да гласаат и нивните гласови да се разлеат во многуте гласови во Македонија и тие да немаат свој пратеник. Не е само прашањето дали ќе го задржат правото на глас, туку дали ќе имаат свој пратеник преку којшто ќе ги искажуваат своите ставови, предлози и проблеми. Тоа не смее да им се одземе"- изјави Груевски денеска во Маврово.

Наспроти предлогот на СДСМ, Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел, премиерот Никола Груевски се залага за класичен мнозински систем.

Тој вели дека со класичниот мнозински систем на гласање доаѓала до израз и личноста на пратеникот, а не само партиската припадност.

Слично

Поврзани вести