Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски девет часа на распит пред Специјалното обвинителство

Груевски девет часа на распит пред Специјалното обвинителство

Распитот на началникот на Петтата управа, Горан Груевски, кој е прв осомничен во во случајот што го отвори Специјалното јавно обвинителство „Тврдина“  заврши после скоро девет часа.

Адвокатите на Горан Груевски велат дека сега се очекува Кривичниот суд да се произнесе по барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор.

Претходно, Кривичниот суд ја уважи одлуката на судијата на претходна постапка да не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за претрес со домот на началникот.

Горан Груевски заедно со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се сомничат за уништување на опремата за прислушување.

Слично

Поврзани вести