Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски денеска го добива мандатот за состав на новата Влада

Груевски денеска го добива мандатот за состав на новата Влада
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе му го довери мандатот за состав на новата Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Според соопштението од Кабинетот на Иванов, официјалната церемонија на врачување на мандатот ќе се одржи во 15:30 минути во Вилата Водно. Крајниот рок за доверување на мандатот о последните парламентарни избори истекуваше утре. По врачувањето на мандатот, Груевски треба најдоцна во рок од 20 дена да ја подготви програмата на Владата и да го предложи новиот владин состав во Собранието. Новата Влада веќе се согласија дека ќе ја формираат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но распределбата на министерските ресори меѓу двете партии уште трае.
Слично

Поврзани вести