Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ ДЕМАНТИРА: Не сум дал никаква изјава за промена на името

ГРУЕВСКИ ДЕМАНТИРА: Не сум дал никаква изјава за промена на името

Премиерот Никола Груевски реагираше на денешната објава на британскиот весник „Гардијан”, кој напиша дека Македонија е „отворена за примена на името" за да се реши спорот со Грција.

„Такво нешто не сум изјавил и ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Тоа се гледа и од самиот текст кај што очигледно е дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава.” – изјави Груевски.

По неговата реакција Гардијан го промени насловот на текстот, а авторот Патрик Кингсли рече дека текстот бил погрешно пренесен во македонските медиуми.

Тој вели дека од разговорот со премиерот произлегла стандардната позиција на Македонија, дека државата е спремна за преговори, но сепак во текстот било потенцирано дека спорот на крајот ќе се решава на референдум.

 „Тоа е јасно потенцирано во текстот и затоа сум помалку изненаден од реакциите на текстот, бидејќи беше апсолутно јасно дека премиерот не зборуваше за преземање чекор само на неговата иницијатива. Потенцираше дека се што ќе заклучат преговарачите ќе мора да биде потврдено на референдум" - изјави Кингсли.

Инаку, спорот за името стана повторно актуелен откако Грција најави дека утре ќе презентира нови идеи за да се направи компромис.

Шефот на грчата дипломатија Никос Коѕијас ќе дад нови предлози за време на посетата на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски во Атина.

Слично

Поврзани вести