Груевски-Даниелсон: Пристапниот дијалог ќе ги скрати преговорите за членство во ЕУ
Кои се приоритетните реформи за Македонија да ги достигне европските стандарди и како тие да бидат поддржани со европска финансиска помош - ова, според соопштението од Владата, било во фокусот на средбата на премиерот Никола Груевски со првиот човек на Директоратот за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон.
По застој од една година, средбата е прв директен контакт на македонски и европски претставници кој сигнализира рестартирање на Пристапниот дијалог на високо ниво што Македонија го води со Унијата. Двајцата соговорници оцениле дека овој дијалог претставува исклучително позитивен и корисен процес, кој ќе помогне да се намали времетраењето на пристапните преговори откако Македонија ќе ги започне.
„Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се преземаат со цел достигнување на стандардите кои се од значење за европската интеграција на нашата земја. Директорот Даниелсон, пак. искажа интерес за приоритетните области кои Владата планира да ги преземе во следниот период, а во пресрет на есенскиот извештај за напредок“, информираат од владината прес служба.
Слично
