Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Буџетот го донесовме, а Бранко ќе го пратиме во историјата!

Груевски: Буџетот го донесовме, а Бранко ќе го пратиме во историјата!
Денес бевме сведоци на првиот неуспешен насилен обид за рушење на демократските институции и легитимно избраната власт на слободни и фер избори пред само година и половина, изјави премиерот Нкола Груевски. „Приказната за буџетот беше само параван на Бранко Црвенковски кој ја започна неговата последна лична битка за преживување во политиката. Најпрвин неговата пратеничка група откако во претходните неколку дена најмалку 10 пати го прекрши деловникот во Парламентот, денес физички и со употреба на сила се обиде да го делегитимира Парламентот, и откога тоа не успеа се направи обид за влез во парламентот со употреба на насилство“, рече тој. Груевски им честиташе на припадниците на безбедносните сили, на пратениците и  претседателот на собранието, кои како што вели, во изминатите денови беа изложени на невидена тортура, закани, стресови и насилство, а во врска со бркањето на новинарите од салата на Парламентот  рече дека сака да изрази искрено жалење, но тоа не било во негова надлежност . Осврнувајќи се повторно на Бранко Црвенковски, Груевски истакна дека денеска тој со 3 илјади свои приврзаници на сила да освои власт, но на него му се му се спротивставил народот, што било нормално за една демократска држава. „Само во држави каде мафијата е посилна од власта, може и покрај поддршката на народот, да се случи политички преврат. Македонија не е таква држава. Македонија е слободна и  демократска држава, со власт избрана на слободни и демократски избори, со институции кои функционираат и со поддршка на мнозинството граѓани“, појасни Премиерот. Тој рече и дека Македонија е економски стабилна земја и повтори дека е една од најниско задолжените земји, а во моментов девизните резерви се на највисоко ниво во историјата на земјата и нема никаква опасност од грчко сценарио. „Со обзир дека БЦ најави продолжување со неговото погубно сценарио, сакам да потенцирам, дека подготвени сме за сите можни сценарија со цел заштита на интересите на граѓаните, и заштита на уставот и законите. Политичарите од ерата на Гадафи, како Бранко Црвенковски на пример, ќе го доживеат својот политички крај. Ќе заминат во историјата“, рече Груевски во своето обраќање.
Слично

Поврзани вести