Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Бројот на пратеници од дијаспората треба да се триплира, а не да се намалува

Груевски: Бројот на пратеници од дијаспората треба да се триплира, а не да се намалува
Премиерот Никола Груевски, денеска пред споменикот на Методија Андонов Ченто на скопскиот плоштад, одржа говор во повод денешниот празник, во кој напомена дека бројот на пратеници од дијаспората треба да се триплира, а не да се намалува. -Не потценувајте ја дијаспората, најновите притисоци кон нас за да се елиминираат гласовите на дијаспората ќе ја оддалечи оваа структура на луѓе од нас која и помага на Македонија. Барањето да се сведе работата на ниеден или само на еден пратеник од дијаспората ќе упати погрешен сигнал. Ако јас се прашувам, бројот на пратеници од дијаспората треба да се триплира, а не да се намалува, рече Груевски. Во својот говор, премиерот ја спореди сегашната власт со Илинденците, затоа што и на едните и на другите им го оспорувале успехот. ,,Стремејќи се кон повисоките цели, за народот да има работа, фабрики, нови патишта, да напредуваме во спортот, туризмот, во секој област дејствуваме со неисцрпна енергија. Земаме пример од најдобрите, се трудиме да ја доближиме Македонија до најуспешните во светот на секое поле. Тоа бара многу работа, пропратена со многу препреки и проблеми. Успехот може да биде оспорен, но тоа е кратко, тоа е капка во море. Го спорат успехот на Илинденците, го спорат и нашиот успех, но тој не може да се скрие. Новите фабрики, работни места, перспективи, судските реформи, во здравството, новите можности во образованието, помагањето на пензионерите, градбата на патиштата, аеродромите, тракторите, се за овој народ"- рече Груевски. Груевски во својот говор додаде дека преку градењето споменици, им се оддолжува на претците на нашата историја.
Слично

Поврзани вести