Груевски: Бранко намерно создава хаос, сака граѓаните да се разочараат од ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ има неразумно и штетно однесување за граѓаните и за Република Македонија. Главната цел на Бранко Црвенковски е ако може да се извлече на овие локални избори и да не излезе на изборите и на тој начин да прикаже пред партијата дека не претрпел нов пораз и не треба да се повлекува од претседателската позиција, нагласи премиерот Никола Груевски по денешната средба на лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.
- Тој тргнува од личните, а не од партиските интереси и затоа смислува разни работи со кои ќе блокира, ќе уценува, ќе создава хаос. Тој размислува како да блокира, како да создаде хаос од кој граѓаните ќе станат разочарани од Владата, од ВМРО-ДПМНЕ, од нашите коалициски партнери и да речат бидејќи е вака на наредните локални избори ние нема да гласаме за нив, рече Груевски.
Според него, очигледно е дека Црвенковски сака да се направи хаотична ситуација, да се направи криза, пензионерите да не можат на земат пензии, покачувањата да не се остварат, социјалните случаи да не можат да добијат зголемување, земјоделците да не можат да ги добијат субвенциите .
Слично
