Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: „Бомбите“ не направија поконцентрирани за да му служиме на народот

Груевски: „Бомбите“ не направија поконцентрирани за да му служиме на народот

На денешниот 15-ти конгрес на владеачката партија, премиерот Никола Груевски се осврна на надворешната политика на земјава, отворањето на нови работни места, економијата, „бомбите“ на опозицијата , проектот „Скопје 2014“ како и победите и слабостите на ВМРО-ДПМНЕ .

Како што ви е познато овие два дена се се одржува Конгресот на партијата во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Според премиерот најголемиот досегашен предизвик со кој се соочила ВМРО-ДПМНЕ било прашањето со името и противењето на Грција за влез на Македонија во Европската Унија и НАТО.

„Фрустрирачки е да се зборува за ова во кое е содржана голема неправда. Сепак, ние не се откажуваме и ќе продолжиме да бараме начин да ја оствариме целта. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, нема да прифати идеи и предлози кои ќе го нарушат македонсиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик“, рече Груевски.

 Во врска со „бомбите“ на СДСМ, премиерот само го повтори ставот на партијата дека објавувањето на аудио снимки од разговори на високи функционери на Владата кои според опозицијата го докажуваат криминалното работење на власта, се монтирани, лепени и сечени.

Тој побара да се спроведе транспарентна истрага за обвиненијата коишто и се ставаат на товар на опозицијата, но побара истрага и за обвинувањата на опозиција кон власта.

„Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас не обвинуваат. Ние сакаме да има истрага, ако во таа истрага се покаже дека некој од нас нешто погрешил, нека одговара во таа истрага. Ние ќе постапуваме европски, иако баш ваков случај нема во Европа каде што шефот на опозицијата со месеци пушта нелегални материјали, а голем број на медиуми ги објавуваат“, рече Груевски.

Но, партијата сепак и од овие „бомби“ извлекла поука и биле лекција особено за оние функционери од власта кои се опуштиле и по толку години на власт почнале да мислат дека вечно ќе владеат. Уште еднаш повтори дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев, снимките ги добил од странска разузнавачка служба и дека го искористеле единствено за нивно пласирање во јавноста.

„Овие бомби, независно колку разговорите се монтирани, лепени и сечени, сепак, многумина од нас подлегнаа, ни ги збија редовите, не потсетија дека нема време и простор за опуштање, дека колку и да е слаба опозицијата секогаш има некој што може да нападне со силно оружје колку и да е тоа нефер или недозволено. Бомбите дополнително не созреаја и не направија поконцентрирани за да му служиме на народот. Ова е за сите нас корисна лекција, подобро скокање во ладна вода сега кога не сме се опуштиле, отколку да добиевме ладен туш од граѓаните на следни избори“, истакна Груевски.

Премиерот и единствен кандидат на утрешниот избор на Конгресот на партијата, најави кадровско освежување . Тој вели дека „тимот кој победува не се менува, но дел од играчите кои се замориле, треба да се одморат некое време“. Рече дека имало забелешки на работата на третиот ешалон и најави „нов бран 2015“.

Гласањето за лидер на партијата е дестета точка од дневниот ред и ќе се реализира во недела кога се очекува Груевски по четврти пат да биде избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести