Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски без апсолутно мнозинство, Заев бојкот, Ахмети победник, Тачи слаб, Јакимовски еден!

Груевски без апсолутно мнозинство, Заев бојкот, Ахмети победник, Тачи слаб, Јакимовски еден!
ВМРО ДПМНЕ не успеа да стаса до магичната бројка 62, но за 5 мандати го подобри својот учинок од претходните избори. Со 61 мандат е победник на изборите блиску до апсолутно мнозинство, иако е јасно дека без албански партнер ќе нема влада. СДСМ го влоши својот резултат од претходните избори за околу 90 000 гласови, или за 7-8 мандати помалку. Сепак останува најголема опозициска партија чии потези ќе имаат силно влијание на политичките процеси, особено по најавата за бојкот. ДУИ е огромен победник во албанскиот политички блок, со однос од речиси 2,5 :1 кон ДПА, односно 19 : 7. Вака попустите се чинат надежите на Тачи за влегување во Владата. 1 мандат има и НДП на Османи, кој веќе се приклучи на објавата дека не ги признава изборните резултати. Малите политички партии доживеаја фијаско. Освен ГРОМ на Јакимовски, ниту една од македонскиот политички блок не влегува во парламентот. Што ќе значи тој 1 пратеник на ГРОМ, останува да се види, а ќе зависи и од определбата на Јакимовски дали ќе настапува опозиционо или ќе биде дел од владината коалиција.
Слично

Поврзани вести