Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Барањата на СОНК се нереални

Груевски: Барањата на СОНК се нереални

СОНК има неодговорен и непринципиелен однос и поради изборите во синдикатот, преку ноќ го смениле мислењето и излегле со нереални барања, рече премиерот Никола Груевски на синоќешното гостување во емисијата „Јади бурек“.

„СОНК е синдикат со кој досега имавме најдобра соработка во смисла на дискусија за проектите. До вчера викаше дека Владата гиу надмина нивните очекувања и се исполнува многу повеќе од тоа што оќекуваат, а сега неколку месеци пред изборите внатре, излегоа со барања кои не се реални“, рече премиерот Груевски, дообјаснувајЃи дека тоа е причината што СОНК нема поддршка и штрајкуваат помалку од 10 отсто од наставниците.

„Досега направивме многу во образованието. Ја зголемивме минималната плата која во 2006 година изнесуваше просешно 7.600 денари. Трансфериравме работен однос на 7.000 наставници во постојан работен однос, се потпиша колективен договор, шест години по ред имаме бесплатни учебници, ги зголемивме платите во образованието неколкукратно, се направија куп чекори кои променија многу нешта“, рече Груевски.

Според него, Владата е секогаш отворена за разговор, кога станува збор за реални и разумни барања.

Слично

Поврзани вести