Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски бара инвеститори во Турција

Груевски бара инвеститори во Турција
Премиерот Никола Груевски од денеска е во неколкудневна посета на Турција, каде што предводи владина делегација. Посетата е наменета пред се како потрага по турски инвеститори. Така, предвидено е да се одржат повеќе бизнис форуми во неколку турски градови на кои ќе бидат презентирани поволностите што им се нудат на странските инвеститори во Македонија. Турција и сега е меѓу 10-те најзначајни трговски партнери на Македонија. Освен ова, посетата ќе има и политички дел, во рамките на кој се предвидени средби со турскиот државен врв. Груевски ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Слично

Поврзани вести