Груевски: економски победи!
- Ова е време во кое мора да се гледа кон иднината и да се напредува, да се напредува за себе, за нас, за Македонија, за следните генерации, а патеки за натпревар има многу. Потребно е само желба, многу работа и добра кондиција. Во сите овие изминати години ние решивме напорно да работиме. Решивме да се натпреваруваме пред минатото, во сегашноста и пред иднината. Се натпреваруваме за повеќе вработувања, повеќе инвестиции, подобро образование, подобро здравство, подобро земјоделство, подобро судство, побрза интеграција на земјата во европските и во евроатлантските структури, напредок во индустријата, во градежништвото, во бизнисот, во туризмот насекаде, е пораката што ја упати македонскиот премиер Никола Груевски, на Денот на македонската револуционерна борба.
- Низ Македонија се издигаат многу столбови на нови објекти, на нови музеи, на нови училишта, на нови стадиони, спортски сали, нови болници, на нови хидроцентрали, нови згради со социјални и комерцијални станови, како и многу други објекти. Столбови на нашата државност, столбови кои ќе останат да сведочат за едно време на изградба на Македонија. Столбови за подобар живот на сите граѓани на Република Македонија и столбови за сите идни генерации. Градиме за иднината и така ќе продолжиме, рече меѓу другото во обраќањето премиерот Груевски.
Слично
