Груевски бара дијаспората да биде дел од изборното гласање
Премиерот Никола Груевски смета дека без разлика на причината поради која се решиле да ја напуштат земјава, ислениците треба да имаат можност за гласање и да имаат свој претставник во Парламентот.
Тој потенцира дека тоа било најмалку што сме можеле да направиме за да им возвратиме и да им се оддолжиме за нивната поддршка, сметајќи дека дијаспората е нераскинлив дел од македонското ткиво и постојан поддржувач на земјава.
„Без оглед на причините поради кои се иселиле од Македонија, најголем дел од нив со душа и срце и помагаат на Македонија, ги следат настаните во Македонија, придонесуваат за развојот на Македонија. Оттука, би апелирал до сите политички партии да не се ускратува можноста не само на глас на дијаспората, туку и на нивни пратеници, изјави вчера премиерот Груевски при посета на Русиново, Беровско.
Премиерот нагласи дека се она што било предлагано во изминатите неколку месеци не значело укинување на гасот на дијаспората, туку да се направат такви законски измени со коишто дијаспората ќе има еден или ниеден пратеник.
Според Груевски ако опозицијата или било која партија наоѓа забелешки во изборниот процес и неправилности во него, тие биле отворени кон дебати и нивно разгледување со цел да се промени нешто.
„Ние сме целосно отворени да ги разгледаме, да промениме нешто, да подобриме, да надградиме, но не и да се направат закони со кои де јуре дијаспората ќе има три пратеници, но де факто во реалноста кога ќе дојдат изборите ќе има еден или ниеден пратеник. Такво нешто не е фер кон луѓето во дијаспората. Тоа е на некој начин работење зад грб на дијаспората, прецизира премиерот.
Тој предложи да се остави таа шанса што ја имаат, да не се прават законски акробации со кои де факто ќе им се одземе пратеникот, туку да се даде шанса да се вложат напори бројот на гласачи од нивна страна да расте и да се слушне нивниот став со нивен пратеник од таму во Парламентот на Македонија
