Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски апелира да се искористи можноста за бесплатен елаборат за легализација

Груевски апелира да се искористи можноста за бесплатен елаборат за легализација

Над  2.800 барања за бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградби од приматели на социјална помош и лица со ниски примања досега се одобрени информираше денеска премиерот.

Тој истакна дека лицата кои поднеле такви барања ќе се стекнат со решение за легализација и апелира до сите кои ги следува што поскоро да достават барање во предвидениот рок.

- Државата покажа голема подготвеност, најде начин и сили за сите кои се приматели на социјална помош да обезбеди бесплатно да добијат елаборати. Сега останува тие да се вклучат во процесот и да го побараат тоа, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања.

За процесот на легализација, потсети премиерот, овозможено е да се легализираат дивоградби по цена од евро за метар квадратен. Процесот тече и сите треба да достават елаборати, наведе Груевски.

Слично

Поврзани вести