Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ангажираше адвокатска канцеларија за тужбата против Заев

Груевски ангажираше адвокатска канцеларија за тужбата против Заев
Адвокатската канцеларија на Никола Додевски, која го застапува премиерот Никола Груевски, во јавност ги демантира наводите на лидерот на опозицијата Зоран Заев според кои нивнито клиент земал кеш на рака за продажбата на Македонска банка. „Невистинити и измислени се наводите дека Никола Груевски бил главниот креатор на криминалите на државата, таткото на криминалот во Република Македонија, дека земал 1.500.000 евра во кеш од бизнисмен именуван како газда Нини, дека затаил 225.000 евра данок, дека контролирал оф-шор и домашни компании кои имале акции во Македонска банка и дека се стекнал со 2.400.000 евра кеш од продажбата на акциите на Македонска банка, како и сите останати наводи изнесени на прес конференциите вклучувајќи ги и изјавите дадени од лицето Зоран Заев“, стои во соопштението, кое според адвокатската канцеларија е во согласност со Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. „Никола Груевски никогаш немал акции во именуваната банка, а сите изјави на прес конференциите се невистини дадени исклучиво со намера да се наштети на честа и угледот на Никола Груевски“, се додава во соопштението. Адвокатската канцеларија најавува дека врз основа на издаденото полномошно, против Зоран Заев, ќе поднесат тужба за утврдување одговорност за клевета и надомест на штета. Во продолжение демантот во целост:
Слично

Поврзани вести