Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски, Ахмети, Заев, Тачи-Колку тежи имотот на партиските лидери?

Груевски, Ахмети, Заев, Тачи-Колку тежи имотот на партиските лидери?

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија истражуваше колку „тежи“ имотот на партиските лидери Груевски, Ахмети, Заев и Тачи.

Што мислите: Имаме ли скромни лидери или маскирани милионери? Што се крие зад „фенси“ оделата и луксузните автомобили во кои се возат?

Ако се суди според изгледот, заедничко за четворицата лидери на најголемите партии е што им годи политиката – имаат по неколку килограми плус откако се на врвот. Но, и многу побогати во однос на нивните гласачи. Дали политиката била добитна комбинација за Груевски, Заев, Ахмети и Тачи- лидерската четворка која во раце ја има судбината на државата?

Gruevski-grafikon

Милион денари – толку премиерот Никола Груевски заработува годишно. Ако хипотетички се пресмета колку можел да заштеди ако ништо не потрошил, тогаш Груевски за овие неполни 10 години можел да заштеди 10 милиони денари или околу 150 илјади евра. Лидерот на опозицијата Заев со плата од 60 илјади денари како градоначалник на Струмица, по истата математика можел да заштеди седум до осум милиони денари или 100-тина илјади евра за последните 10 години. Пратениците Ахмети и Тачи, воедно и лидери на ДУИ и на ДПА преку парламентот заработиле по 900 илјади денари годишно или за последните 10 години околу 130 илјади евра.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/piiRBMcvKRk[/embed]

А тука може да го прочитате подетално истражувањето.

Извор: СКУП Македонија

Слично

Поврзани вести