Груевски: 500 илјади луѓе гласаа заради делата, нови работни места, фабриките …
Премиерот Никола Груевски денеска официјално ја пушти во употреба локалната индустриска зона во Виница во која, како што кажа, веќе се продадени сите 11 парцели, а шест фабрики се во фаза на градба.
При тоа тој се осврна и на вчерашните аудио разговори кои лидерот на опозицијата ги објави на вчерашната прес конференција.
Што се однесува до веродостојноста тоа ќе треба да се утврди во судска постапка и тоа не сакал да го коментира , изјави денеска премиерот Никола Груевски .
Би го коментирал обидот на Зоран Заев, рече премиерот, да претстави слика пред граѓаните дека 500 000 илјади гласови кои ги добивме на изборите а отприлика толку и на претходните се добиени со сила , со закни со присила .
„Она што би го кажал е дека изборите во 2011 и 2013 година беа верификувани како коректни и ефикасни избори од страна на сите меѓународни организации кои што ги следеа , а второ би го напоменал тоа што СДСМ и самите ги признаа изборите како фер и коректни во тој период.
Но, она што е најважно и за нас најбитно, е порака до гласачите, до сите оние кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ: тие самите најдобро знаат дали некој со сила ги натерал да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "За подобра Македонија" или гласаа затоа што ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики, прави дела за кои тие веруваат дека се исправни и приоритетни“, потенцираше премиерот.
„Јас сум убеден во второто, јас знам дека тие речиси 500.000 луѓе гласаа заради делата, отворените нови работни места, новите 120.000 работни места отворени во овие години, заради фабриките кои ги донесовме во Македонија бидејки со децении немаше нова инвестиција овде, заради субвенциите кои ги добиваат змејоделците, заради инвестициите во нови локални патишта, регионални патишта и автопати, заради реконструкциите во многу болници, новата опрема, проектите во сите области, во образованието...стотици илјадници исполнети ветувања што сме ги дале во програмата“, рече тој.
Премиерот јавно упати апел до сите нивни гласачи, да се запрашаат зошто гласале за нив, дали заради некаков притисок што го направиле од партијата или гласале затоа што веруваледека коалицијата, како што никогаш досега, тоа што го ветила- го исполнила, одговарајќи на обвинувањата на СДСМ дека изборите се добиени со местење, притисоци, закани и на сила.
