Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Во Србија денеска пуштен во употреба автопат изграден од Бехтел и Енка под исти услови

Груби: Во Србија денеска пуштен во употреба автопат изграден од Бехтел и Енка под исти услови

Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека денеска конзорциумот Бехтел и Енка под слични услови како и во Македонија, пушти во употреба нов автопат во Србија, алудирајќи на една делница од Моравскиот коридор.

„Со истиот посебен закон, со истиот договор, фирмата Бехтел - Енка гради и во Србија, каде што денеска државните власти пуштија во употреба дел од автопатот.

И кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10-Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација.

Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат изградбата, само ја поскапуваат и го продолжуваат рокот за завршување.

Зависи од самите пратеници дали ќе се гради поефтино и побрзо или поскапо и подолго“, порача координаторот на проектот за изградба на новите автопати на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести